По светски популарното Икс фактор, на Балканот доаѓа уште едно подеднакво популарно музичко шоу. Се работи за „The Voice“ чија лиценца ја купила српската Пинк телевизија која го емитува и Икс фактор во Србија. „Тhe voice“ e музичко шоу кое за кратко време стана најгледано шоу во матичната земја Холандија, а потоа и во Америка и многу други земји ширум светот.
Препознатливо е по таканаречените слепи аудиции, односно жирито е свртено со грб кон талентите кои поминуваат во следниот круг благодарение само на своите гласовни можности, но не и изглед или однесување. Дел од американското жири биле Adam Levine, Shakira, Usher, Christina Aguilera, Cee lo Green, Blake Shelton, a за српската верзија низ нивните медиуми се шпекулираше со имињата на Марија Шерифовиќ и Хари Варешановиќ.
Интересно е и што во последната епизода на шоуто во Америка, пејачката Шакира ја посоветува натпреварувачката да биде како Александар Македонски и да има стратегија за да успее.
Останете со ТВ Пакет и на време ќе дознаете дали во шоуто ќе пејат и Македонци и дали ќе се прикажува на некоја македонска телевизија.
Дани Петковска | ТВ Пакет