Почетна / Забава / Македонец ги скара судиите на „X Factor“

Македонец ги скара судиите на „X Factor“

 

Аудициите на најгледаното музичко шоу „X Фактор“ веќе петти ден се снимаат во Србија. Македонските учесници особено се истакнуваат со своите вокални способности како што и беше очекувано. Тие се толку добри што станаа причина за конфликти меѓу судиите.

 

 

Имено, дојде до судир меѓу ставовите на Жељко Јоксимовиќ и Кристина Ковач кои се судии на ова шоу. Додека настапуваше еден македонски кандидат, Жељко изрази желба да слушне нешто македонско на што Кристина се побуни и рече дека ова е „Х Фактор“ и оти не треба да се пее народно.

 

– „За разлика од тебе, Кристина, јас сум народен човек“, рече Жељко и продолжи да се расправа со својата колешка. Кавгата продолжи и во бекстејџот и овие двајца судии моментално се држат на дистанца.

 

 

Во прилог се фотографии од водителите на „X Фактор“. Бане Јевтиќ од Србија и Снеже Велков од Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!