„Бушава азбука“ е забавна програма за млади, која за Македонската телевизија значи вистинско богатство, бидејќи се вбројува во еден од нивните најгледани и најрепризирани телевизиски проекти. „Бушава азбука“ значи многу и за генерациите од осумдесетите и деведесетите години, кои буквално пораснаа со она што го нудеше националниот сервис.
По долги години се отвори прашањето околу дигитализирање на серијата. За операционализирање на идејата за да се дигитализира емисијата за продажба мораше да се почека додека не се реши целосно прашањето околу тоа чии се авторските права за емисијата. Кога запрашан за неговото мислење, од страна на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија која има намера со „Бушавата азбука“ да им помага на децата на македонските иселеници да ја учат азбуката на јазикот на нивните родители, сценаристот Горан Стефановски одговорил: „Јас сум многу горд на таа серија и искрено сакам да успее идејата и „Бушавата азбука“ да се префрли на це-де и да биде достапна за нашите во светот“, од агенцијата се вели оти се знае дека Горан и Слободан се автори, и дека МТВ се води како продуцент, но сето тоа треба да се види на хартија. А досега од МТВ нема таков документ.
Но за среќа децата на македонските иселеници повеќе нема да имаат потреба да го чекаат дигитализирањето на серијата, бидејќи извесен Иле Иванов се погрижи целата едукативна серија да се најде на YouTube. Сите епизоди се насловени по буквата која се изучува во епизодата. Погледнете ги тука.
Chris | ТВ Пакет