Поп кралицата Мадона го објави спотот за својот нов сингл Girl Gone Wild кој е толку провокативен што на YouTube нема да можат да го гледаат оние што имаат помалку од 18 години!
Ваквата одлука YouTube ја донесе откако проценија дека спорниот новоизлезен спот содржи премногу сексуални сцени и оти не е соодветен за младата публика. Во оваа прилика тие објавија и попис на сцените кои според нивното мислење се несоодветни, доколку Мадона одлучи тие сцени да ги отстрани од спотот, во тој случај истиот ќе може да биде достапен и за малолетниците. Но, судејќи според карактерот на Мадона и начинот на кој таа во минатото се соочи со истите и сличните забрани, нема да доживееме блага верзија на овој спот.
– Ова ме потсетува на 1990-та година кога MTV донесоа одлука да не го емитуваат спотот за песната Justify My Love. Некои нешта едноставно никогаш не се менуваат, изјави Мадона коментирајќи ја оваа забрана.
Потсетуваме, и покрај забраната на MTV за емитувањето на песната на Мадона во 1990-та година, таа го допре првото место на Билбордовите листи. Подолу го линкувавме спотот за песната Girl Gone Wild па сами проценете дали овој спот навистина е несоодветен за помладите од 18 години.
Ivana T. | ТВ Пакет