Почетна / Сапуници / За фановите на „Млади бунтовници“ и „Ангели“, доаѓа нова хит серија
НОВА ТИНЕЈЏЕРСКА ЗАБАВА ВО 15 ЧАСОТ НА НОВА

За фановите на „Млади бунтовници“ и „Ангели“, доаѓа нова хит серија

Со големо задоволство и носталгија се сеќавате на времето поминато со вашите незаборавни “Млади бунтовници”? Глобалниот феномен стекна популарност каква што ретко се памети, а до ден денес, гледачите, веќе пораснати, ги паметат згодите и незгодите на Миа, Марица, Пабло, Мануел, Томас, Фели, Гвидо итн.

Музика, забава, тинејџерски сплетки беше сето она што на времето ни го понудија А1 телевизија и “Rebelde way”. Поради незапаметениот успех на било која тинејџерска програма дотогаш, телевизија А1 продолжи со емитување и на други вакви серии како “ФМ 04”, “Нескротливи срца”, “Иза”, но голем успех се повтори дури со “Ангели”.

И сега, по осум години откако овие телевизиски серии не се емитуваа во Македонија, кабловската Нова С ќе понуди токму ваков тип на програма за оние помладите, за оние во најдобрите и најулави години.

За сите тинејџери, од 11 декември на Нова С – следува аргентинската младешка серија “Виолета”. Музика, игра, песни, интриги како во нејзините аргентински претходнички.

Бидете дел од светот на богатата Виолета, која ќе мора кришум од нејзиниот татко да посетува часови по пеење и да основа музичка група. Бидете дел од розовата и магична бајка на новата тинејџерска хероина “Виолета”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!