Наксоро на телевизија Телма нешто ново и поразлично од она на кое навикнаа домаќинките и пензионерите последните години. Телма ги “воскреснува” вашите некогаш омилени мексикански теленовели.
Телевиса се враќа на голема врата на фреквенцијата на Телма и тоа со две сосема нови теленовели. За сите оние кои растеа со Есмералда, Росалинда, Злобница, Перла, Право на љубов, Есперанса, Марисол, Руби, Прегрни ме цврсто и многу други, еве прилика да го доживеете повторно духот на Телевиса.
Две мексикански теленовели наскоро на Телма. Романтичните серии “Ти го давам животот” и “Ако нѐ остават” се насловите на најновите серии од Мексико кои покрај Хрватите, Бугарите и Романците, ќе имаат можност да ги проследат и Македонците.
Доколку ви се смачи од турски серии и сакате за разонода да погледнете поинаква драматичност, ви ги препорачуваме овие две серии на телевизија Телма.
За точниот датум на почеток и термини на емитување, ќе ве известиме во наредниот период. Бидете подготвени за вашите нови две дневни посластици. Бидете подготвени за серии од најпознатата светска продукција на теленовели.
Дани | ТВ Пакет