Јордан Митев, ја промовира својата нова песна „Жена за 100 години“. Како и сите останати песни, така и оваа е комплетно авторско дело на Митев, а токму тоа што тој е креатор на целиот негов авторски репертоар.
За песната допрва ќе се сними и видео запис. Инаку Јордан Митев оваа година заокружува и 15 години од опстојувањето на фолк сцената и по тој повод некаде во втората половина од 2020 година планира да одржи голем концерт. Освен најавата за јубилејните концерти, оваа година Јордан го завршува и студискиот албум кој поради јубилејот одлучи да биде финализиран токму оваа година.
https://www.youtube.com/watch?v=AHK2tBc8MiI
Се очекуваат уште 4 нови песни и со тоа албумот ќе е готов, а носечка песна на истиот ќе биде „ Наздрави за љубов, наздрави за среќа“.
Дани | ТВ Пакет