Почетна / Филм / За одмор од фудбалот, гледајте „Нарко курир“ со Клинт Иствуд на МРТ

За одмор од фудбалот, гледајте „Нарко курир“ со Клинт Иствуд на МРТ

“The Mule” ја следи приказната за 90 годишниот ветеран кој е фатен при транспорт на кокаин во вредност од 3 милиони долари преку Мичиген за мексикански нарко-картел.

Ерл Стоун (Клинт Иствуд) има 80 години, се наоѓа во беспарица и се соочува со пропаѓање на неговиот бизнис. Во ваков тежок период од неговиот живот му нудат работа, а од него се бара само да вози. Ова е многу лесно за него, но тој не ни може да сонува дека всушност се согласил да биде курир за дрога за еден мексикански картел.

Работата „му тргнува“, неговите проблеми со парите се веќе минато, но тој почнува да се оптоварува со старите грешки. Неизвесно е дали тој ќе има време да ги надмине пред да се соочи со законот или со криминалците од нарко мафијата.

Сабота, 26.11.2022 година, МРТ 1, 22.50 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!