Ова лето, тимот на ТВ 24 одбра одредени премиерни содржини кои ќе се емитуваат секоја вечер за редовните гледачи на телевизијата.
Наместо политичките дебати кои се на пауза до септември, ќе се прикажуваат премиерни документарни серијали и играни филмови во ноќните часови.
Па така во 20.45 часот по централниот Дневник ја следиме “Љубов и природа”.
“Love Nature” ги доближува гледачите до природата со ексклузивни и воодушевувачки приказни од целиот свет, поттикнувајќи подлабоко разбирање и поврзување со оваа планета што ја нарекуваме дом.
Погледнете ги животните во нивното природно живеалиште и посетете некои од највозбудливите пејзажи во светот преку документарците на ТВ 24.
Дани | ТВ Пакет