Неверојатно амбициозната германска серија „Вавилон Берлин“, базирана на бестселерот на Фалкер Кучера e една од најживописните прикази на предвоениот Берлин која репризно ќе ја гледате на Телма овој септември во 22.15 часот.
Познатиот германски режисер Том Тиквер, заедно со колегите Ахим фон Борис и Хенк Хендлегтен, создадоа раскошна, амбициозна серија, која се снимаше шест месеци на 300 локации, со 5.000 статисти.
Заснована e на детективските романи на германскиот криминалистички мајстор, серијата се одвива во Берлин во текот на златните дваесетти години на минатиот век.
Градот тогаш бил на врвот на културниот развој, погоден за талентираните и амбициозните, но во исто време, и засолниште за стотици илјади еврејски имигранти кои побараа засолниште од прогонството во Русија и Источна Европа. Под блескавата површина, осиромашените маси, се борат за подобар живот. Тоа е време на организиран криминал и политички екстремизам.
Во пролетта 1929 г. во метрополата владее неизвесност. Од економијата до културата, од политиката до подземјето – сè е подложно на радикални промени. Шпекулациите и инфлацијата ги раскинуваат темелите, на сè уште младата Вајмарска Република. Зголемената невработеност и сиромаштијата се во целосна спротивност со неумереноста и развратноста на ноќниот живот во градот и неговата просперитетна креативна енергија.
Гереон Рат, млад полициски инспектор од Келн, бил префрлен во Берлин за да ја разоткрие порнографијата со која управува берлинската мафија. Како и многу други, нашиот херој ги носи лузните од Големата војна: треперење и посттрауматско стресно нарушување третирано со морфиум.
Она што на прв поглед изгледа како обичен случај на изнуда, наскоро прераснува во скандал кој засекогаш ќе ги промени животите на Гереон и неговите најблиски соработници. Заедно со стенографката Шарлот Ритер и нејзиниот партнер Бруно Волтер, Рат се соочува со сложена мрежа на корупција, трговија со дрога и трговија со оружје, поради што влегува во егзистенцијален конфликт, бидејќи е растргнат помеѓу лојалноста и откривањето на вистината.
Кога ќе упадне во нелегалното снимање на порно филм, изгледа дека го пронашол виновникот во режисерот Кених, но набрзо сфаќа дека во играта има многу повеќе подмолни сили. Останува да се запрашаме кој е пријател, а кој непријател во оваа приказна.
Улоги: Фолкер Бруч, Питер Курт, Лив Лиза Фриз, Јенс Харцер …
Дани | ТВ Пакет