Почетна / Сапуници / За терминот на бугарската серија, Алфа погрешно информира

За терминот на бугарската серија, Алфа погрешно информира

Од минатата седмица, Алфа телевизија одлучи по примерот на најгледаните Сител и Канал 5, и таа да вметне турска серија во ударен термин. Но, за разлика од Сител и Канал 5 кои емитуваат најнови и премиерни турски серии во 20 часот, Алфа се одлучи за турска серија снимена пред 15 години.

Поради серијата од 2006. година, бугарската премиерна драма “Украден живот” го промени терминот на емитување. Од сега серијата се емитува по 23.30 часот, но очигледно за тоа известивме само ние.

Алфа ниту ги информираше гледачите, а ниту пак на официјалниот веб сајт го промени терминот на емитување. Па ако сте одлучиле да се информирате за сериите и термините од нивната веб страна, тогаш ќе ве дочека стара информација во горниот банер која вели дека “Oткраднат живот” се прикажува во 21 часот.

Погрешна информација има и за српската серија, која веќе се емитува во 21 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!