Секоја недела во 21 часот на Алфа ТВ ќе се емитува српскиот семеен квиз “Кој е на врвот?”. Во забавното шоу ќе се натпреваруваат познати српски личности, а наградата ќе оди за хуманитарни дела. Во квизот постојат капсули во кои се наоѓаат српските ѕвезди и во зависност од одговорот и неговата точност, капсулите ќе одат горе-долу. Водители на квизот, кој се снимаше во филмското студио во Шимановци, се Катарина Шишмановиќ и Милан Калиниќ, познати од “Сѐ за љубов”.
Во првата емисија, која на Алфа ќе ја гледаме оваа недела, 3 март, ќе се натпреваруваат Дара Бубамара, Сале од “Тропико бенд” и продуцентот Дамир Хандановиќ. Одговарајќи на прашања од областа на историјата, географијата и математиката, кандидатите ќе поминат низ пет рунди, така во првата ќе имаат можност да освојат 50.000 динари, во втората 100 илјади, во третата 150 илјади, во четвртата 200, и во последната, петта рунда – 300 илјади динари. На крајот на емисијата, останува само еден ВИП натпреварувач кој ќе се бори за главната награда.
Дани | ТВ Пакет