Почетна / Серии / Заборавените македонски села во документарци на 1 ТВ

Заборавените македонски села во документарци на 1 ТВ

Од понеделник до петок, по пладне на 1 ТВ се емитува домашната документарна емисија “Заборавени”. Серијалот „Заборавени“ брои преку 700 патеписни емисии, од кои последниве пет години, во рамките на телевизиската продукција „Мариово филм“ има направено 230 репортажи и неброени прилози.

Нашите македонски села се празни. Во нашите македонски села нема џагор на деца, нема крштевки, нема свадби. Во нашите македонски села се останати само старците, над 80 години, кои веќе го чекаат делот од животот кога ќе заминат, раскажува новинарот Зоран Костовски.

Тој проценува дека во Македонија има 1984 села, но според податоците на познатиот антрополог и географ д-р Митко Павлов, постојат 1740 села. Најголемо село според атарот е Кривогаштани во прилепско, но не и според населението. Во 12.15 часот, патеписни репортажи од заборавените села и населби во Македонија на 1 ТВ во серијалот “Заборавени”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!