Од понеделник (27 јануари) во 10 часот наутро на Сител телевизија со емитување ќе започне најновата “шпанска” серија за сите љубители на овие, некогаш омилени телевизиски продукции.
Во амбиент на пространи плантажи, живописни предели и скриени семејни тајни, се запознаваме на самиот старт со бунтовниот Хуан Хосе – Хуанхо. Тоа е човек со нескротлив дух, кој израснал на тоа парче дива земја. Живее сосема слободоумно, неговиот татко се вика Пако, а маќеата Наталија Монтиел. Нашиот Хуанхо е вљубен во богатата Аурора, ќерка на земјосопствениците и богатото винарско семејство Кастањеда.
Сите негови соништа и слобода се покоруваат пред лицето на правдата оној момент кога ќе се случи една неочекувана трагедија. Несреќа која ќе ги промени животите на сите во дивата земја.
Во сообраќајна несреќа умира еден од синовите на богатите Кастањеда, а фамилијата го обвинува Хуанхо за несреќата, затоа што тој бил со нивниот син и го возел камиончето. Хуанхо ќе мора да ја отслужи казната, но за него поголема казна од затворските решетки е сознанието дека ја губи и саканата Аурора, која се разочарува од него.
Ќе може ли Хуанхо да ја поврати изгубената љубов и да се избори за својата среќа, гледаме од 27. јануари во “Дива земја” на Сител.
Дани | ТВ Пакет