Од понеделник до петок во 10 часот наутро, следете ја најновата теленовела од продукцијата на Телемундо (Ла Тормента, Розевиот дијамант, Циганки, Анали, Дона Барбара…). Интригантна сторија за љубовта и омразата во една дива земја.
Покрај главните ликови Аурора и Хуанхо кои ќе се борат за својата љубов, ве запознаваме и со Роберто, главниот негативец во серијата. Тоа е млад и бескруполозен човек, кој ќе се ожени со богатата Аурора, и на тој начин ќе влезе во фамилијата Кастањеда, моќна винарска династија која животот би го дале на тоа парче земја.
Роберто нема да може да прифати неговата сопруга да сака друг човек и нема да бира средства за да ги раздели вљубените срца. Неговата посесивност ги надминува сите граници, а желбата за моќ ќе го натера да посегне и по човечки животи.
Не пропуштајте ги сплетките на Роберто во новата теленовела “Sangre de mi tierra” на Сител.
Дани | ТВ Пакет