Емин е авторитативен татко, патријарх на големото семејство Саруханли. Човек кој силно се придржува до семејните врски и традиции и кој наметнал строги морални правила на однесување за сите во семејството. Живее скромен и чесен живот во едно мало гратче заедно со семејството.
Со Фазилет е во брак 47 години и има три сина и една ќерка.
Јашар е најстариот син на семејството Саруханли. Оженет е со Бинур и имаат две деца. Тој е послушен, многу ги почитува своите родители и никогаш не се противи на нивните одлуки.
Сервет е вториот син на семејството Саруханли. Оженет е со Шахика, но живее во истата зграда со неговата поранешна сопруга Муневер, со која ја има ќерката Кубра.
Кадир е најмладиот син на семејството Саруханли кој е единствениот високообразован во семејството. Тој е независен млад човек, кој се враќа дома по четири години поминати во затвор.
Но, во домот го чека радоста на фамилијата и одбивноста од неговиот татко, кој не направил ништо за да го извади сина си од зад решетки Само затоа што татко му не ја одобрува неговата девојка, Кадир не може да се ожени со таа што ја сака.
Бушара е единствената ќерка на семејството Саруханли. Таа е мажена за маж кој не го сака. Tрпи физичко и психичко насилство од сопругот, но не може да се разведе од него само затоа што нејзиниот татко не дава согласност.
Едноставниот и конзервативен живот на семејството Саруханли се менува од корен кога дознаат дека богатиот брат на Емин, инаку моќен бизнисмен од Истанбул, загинал во авионска несреќа заедно со целото свое семејство.
Единствен наследник на огромното богатство станува Емин Саруханли. Тогаш тој ќе се соочи со најголемиот тест во својот живот за да го заштити своето семејство. И токму во името на семејството за да им даде добра иднина на своите деца, таткото прифаќа да се пресели во Истанбул и да ја преземе контролата врз холдингот Саруханл.
Доаѓа мигот кога сите заедно треба да започнат нов живот. Живот во големиот град кој носи големи предизвици, но и големи опасности.
Емин Саруханли треба да даде сè од себе за да го одржи семејството заедно додека се обидува да се справи со тешкотиите во неговиот нов живот, но и со болеста која од ден на ден сè повеќе напредува. Новиот живот ќе донесе неочекувани пресврти во ова големо семејство, затоа што никогаш ништо повеќе нема да биде исто за никој од нив.
За таткото, единствена надеж е семејството повторно да биде заедно, а само Кадир е тој што ќе треба да му ја даде таа поддршка.
Од понеделник до петок во 22.50 часот на Канал 5, со реприза следниот ден во 16.45 часот – нова турска драма “Татко”.
Дани | ТВ Пакет