Уште неколку дена до почетокот на новата латиноамериканска драма за нови утрински прераскажувања и нови утрински задоволства. “Дива земја” е уште една приказна создадена од продукцијата која ги сними мегапопуларните “Скриени страсти”, “Барајќи го тато” и “Ла Тормента”.
Нови актери во нови неповторливи улоги ќе бидат дел од селската идила со која уживавме некогаш одамна во утринските часови. Овојпат, ја запознаваме Аурора, главната јунакиња на новата телевизиска новела која ќе се емитува секое утро, од понеделник до петок во 10 часот на Сител.
Аурора е богата и убава млада девојка, која по одреден период поминат во светските метрополи, се враќа на имотот на нејзиното семејство Кастањеда. Нејзиното враќање ќе ги разгори притаените страсти и ќе ја вжешти нетрпеливоста во дивата земја. Таа ја продолжува романсата со Хуанхо, кој живее и работи на големата плантажа, но дали таа љубов ќе биде прифатена од нејзиното семејство?
Оној момент кога се случува една опасна трагедија, оној момент кога згаснува животот на нејзиниот брат во една страотна сообраќајна несреќа е моментот кој ќе ги промени чувствата на Аурора кон Хуанхо и ќе го насочи нејзиниот пат кон друг маж и друга среќа. Разочарана од Хуанхо, кој е обвинет за несреќата, таа решава да се омажи за богатиот Роберто, несвесна за тоа какви сплетки ја очекуваат во бракот.
Ќе може ли да се заборават вистинските чувства и да се прости направениот грев, гледаме ексклузивно на Сител во теленовелата “Дива земја”.
Дани | ТВ Пакет