Патот кој води до една оддалечена област го дели градот Заглава на два спротивставени табори. На едната страна се новопечените богаташи и гастарбајтери Мацан, а на другата страна се староседелците Акрап, додека на средина се Готовац, криминална фамилија кои од големиот град се преселуваат во ова место.
Трите семејства се поврзани со кумство и интерес, кои започнуваат битка за пари и превласт во местото. Борејќи се за своите соништа, а некои дури и за гола егзистенција, ќе го ризикуваат највредното нешто што го имаат – кумството. Кога кумовите ќе дознаат дека и тие се браќа, нивното непријателство уште повеќе се разгорува, па почнува борбата за наследството на нивниот татко.
Глава на фамилијата Мацан е господинот Стипан, сопственик на голем имот и татко на Аљоша и Винко. Во неговата куќа живее неговата стара сестра и десна рака Ивка, неговиот син Винко со сопругата Јадранка и ќерките Пере и Матија.
Фамилијата Готовац, пак, ја сочинуваат таткото Аљоша, пропаднат економист и воедно вонбрачен син на Стипан, неговата сопруга Весна и децата Јанко и дизајнерката Лара.
Началникот Звоне Акрап е пак женет со Анџелина со која ги има преубавата ќерка Луце, инаку докторка и синот Мартин, локален фраер и диџеј.
Неочекуваната љубов која ќе се роди меѓу Луце и Јанко ќе навести низа проблеми меѓу фамилиите, но воедно и ќе биде најголема можност за евентуално примирје на кумовите.
Следете ја најновата хрватска серија “Кумови”, од понеделник до петок на Алфа во 21.30 часот.
Дани | ТВ Пакет