Во четврток, на 26 септември на телевизија Телма ќе биде емитувано финалето од мексиканската дневна серија “Рудници на страста” со која се дружевте изминативе пролет и лето.
Како што веќе пишувавме, гледачите беа оддушевени од изборот на серијата и истите постојано пишуваат до нашата редакција, интересирајќи се дали и која серија ќе ги замени Рудниците.
Со оглед дека на Телма нема никаква најава за нова серија, ќе мора да ги разочараме фановите – по Рудници нема да има очигледно ништо ново.
За разлика од Телма, порано латиноамериканските теленовели беа емитувани во континуитет на приватни телевизии како А1 и Сител.
Недопустливо беше за самите телевизии по завршеток на една серија да стават репризи од други содржини во тој термин или да не откупат слична содржина. Но, А1 и Сител очигледно знаеле како да ги задржат гледачите на нивните програми.
Дани | ТВ Пакет