Вечерва во 21.45 часот на Сител телевизија ќе биде емитувана последната епизода од историскиот блокбастер “Далеку од дома”. Крај за тешката и крвава војна… но и крај за некои од ликовите.
Виорот на секоја војна си ги зема своите жртви, па така и овде ќе ги понесе оние кои најхрабро се бореа за својата татковина. Оние кои беа далеку од дома, за само од таму да ги бранат домовите на своите најблиски, своите најсакани, своите семејства…
Последната наредба на Филипос ќе биде извршена. Финална борба на Џевдет и Азизе за својата татковина, но и за својата љубов. Ќе може ли Џевдет по сите неволји и трагедии, да се нарече предавник на татковината, или победник во чие име го жртвуваше својот и животот на неговата Азизе ?
Не пропуштајте го големото финале на “Далеку од дома” и збогувајте се со вашите омилени ликови.
Дани | ТВ Пакет