Почетна / МК Сцена / „Земји туѓи болки наши“ – емотивна песна и спот на Класико Бенд

„Земји туѓи болки наши“ – емотивна песна и спот на Класико Бенд

Classico Band го објави својот најнов сингл „Земји туѓи болки наши“. Оваа емотивна песна е посветена на сите Македонци кои поради животни околности заминале од татковината во потрага по подобра иднина. Со длабоки и искрени стихови, песната ги допира срцата на многумина, особено на оние кои се наоѓаат далеку од домот.

Инспирирани од своите бројни настапи пред македонската дијаспора ширум светот, Classico Band го создаде овој музички бисер како прва авторска песна која ги опишува чувствата на печалбарите. Како што велат самите членови, ваквите песни секогаш се најдраги на оние кои се далеку од дома, бидејќи во нив ги пронаоѓаат своите емоции и приказни.

Инаку, видеото е во продукција на една од најдобрите – Art Studio Production, и во него се појавуваат млади од Кавадарци, кои со својата енергија ја збогатуваат визуелната приказна. Главниот актер во спотот е Диме Коцевски, познат актер од кавадаречкиот театар, кој игра улога на таткото. Неговата изведба ја носи тежината на емоциите и болките кои ги чувствуваат оние што се одделени од своите најблиски.

Classico Band веќе најавува нови проекти, меѓу кои е и македонски сплет на свадбарски песни, што ќе биде спакуван во 60 минути весела и традиционална музика, создадена со големо внимание и љубов. Ова издание, како што ветуваат, ќе донесе многу радост и веселба на сите свадби каде што ќе се слуша.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Заиграј со мене“ во ново руво со Виолета Томовска, Дац и Александар

Фолк-иконата Виолета Томовска ја изненади јавноста со нова музичка преработка на нејзината легендарна песна „Заиграј …

error: Содржината е заштитена!