Историската драма „Опенхајмер“ (Oppenheimer) и комедијата „Кутри нешта“ (Poor Things) ги освоија Златните глобуси за најдобар филм, а ѕвездите Силијан Марфи и Ема Стоун наградите за најдобри актери.
Златен глобус за најдобар филм на годината na 81-вото доделување на златни глобуси, во жанрот комедија или мјузикл го освои филмот „Poor Things“, додека во категоријата драма ова признание го освои „Опенхајмер“. Над 300 новинари, кои гласаа за најдобрите филмски остварувања минатата година, го прогласија „Опенхајмер“ за најдобра драма.
Филмот „Кутри нешта“ со Ема Стоун во улогата на почината жена која научниците ја оживеаа, ја освои наградата за најдобар филмски мјузикл или комедија, победувајќи го најголемиот хит во кино салите „Барби“ (Barbie).
Златниот глобус за најдобра актерка во драма го освои Лили Гледстон за улогата во филмот „Убијци на Цветната Месечина“ (Killers of the Flower Moon), додека за најдобар актер во жанрот комедија беше прогласен Пол Џамати.
Кристофер Нолан е прогласен за најдобар режисер за режија на „Опенхајмер“, а Роберт Дауни Џуниор ја освои наградата за најдобра споредна машка улога. Да’Вајн Џој Рендолф го освои Глобусот за најдобра споредна женска улога во филмот „Оние кои остануваат“ (The Holdovers).
За најдобар странски филм е прогласена француската драма „Анатомија на падот“ (Anatomy of a Fall), која ја доби наградата и за најдобро сценарио.
Филмот „Барби“ ја освои наградата за филмски и достигнувања на благајните – новододадена категорија оваа година која имаше за цел да го зголеми признанието на комерцијално успешните филмови. Додека песната „What Was I Made For?“ ја освои наградата за најдобра оригинална песна, со што Били Ајлиш и Финес го освоија својот втор Златен глобус во кариерата.
Телевизиската серија „Succession“ на HBO постигна најмногу победи во ТВ категории, по четвртата и последна сезона.
Дани | ТВ Пакет