Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) известува дека најостро го осудува говорот на омраза и повиците за насилство што се појавија на социјалните мрежи, особено коментарот на извесен Горан Костовски, кој повикува на „палење на ќумезот во Визбегово“, алудирајќи на телевизијата Алфа.
– Ваквите изјави не само што претставуваат сериозна закана за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, туку поттикнуваат насилство и нетолеранција во општеството. Јавниот простор, вклучително и социјалните мрежи, не смее да биде место за поттикнување насилство, туку за конструктивна дебата и размена на мислења. Ги повикуваме надлежните институции, особено Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, веднаш да реагираат и да преземат соодветни мерки против ваквиот говор на омраза. Истовремено, апелираме до граѓаните да се воздржат од користење говор кој може да поттикне насилство и да ја загрози безбедноста на медиумските работници.
ЗНМ останува посветено на заштитата на новинарите и на промовирањето на слободата на изразување во рамки на демократските принципи и законските норми.
Дани | ТВ Пакет