Веќе неколку години, националната телевизија Алфа прикажува турски серии кои со огромен успех се емитуваа на другите национални телевизии пред многу години.
Феномените 1001 ноќ и Кога лисјата паѓаат, емитувани на А1, беа рециклирани повторно од страна на Алфа телевизија, по што следеа серии како Величествениот, Аси, Плачот на виолината, а сега се најавува реприза и на Бурни времиња, семејната драма емитувана на телевизија Сител.
Зошто телевизија Алфа продолжува со праксата да емитува серии кои веќе биле прикажани на другите телевизии? Зошто во време кога сите национални телевизии емитуваат премиерна странска програма за своите верни и редовни гледачи, Алфа ТВ се ќити со туѓи перја, емитувајќи успешници кои биле претходно премиерни откупени од конкурентските тв куќи во земјава ?
До кога телевизија Алфа ќе нуди репризи за своите гледачи? До кога нема да се емитуваат премиерни странски содржини на оваа фреквенција?
Сите приватни национални телевизии во регионот и секако во светот постојано ја збогатуваат својата програма со нови серии, не само турски, туку и од други земји, но на Алфа телевизија премиерни странски серии се турските серии кои се емитувале веќе на други македонски телевизии.
| ТВ Пакет