Почетна / Телевизија / Зошто е замрзнато членството на Алфа во Медиумската асоцијација?

Зошто е замрзнато членството на Алфа во Медиумската асоцијација?

Македонската медиумска асоцијација го замрзна членството на телевизија Алфа. Според информации на Алфа, вака одлучиле на вчерашниот состанок останатите национални телевизии членки (Сител, Канал 5, Телма и Алсат), а на кој состанок не бил присутен директорот на Алфа.

Зошто замрзнувањето е ставено на дневен ред на состанокот, официјално образложение нема. Побаравме изјава од претседателот на ММА, директорот на Телма – Атанас Кировски. Ни одговори додека не биде готов записникот од состанокот, нема да дава образложенија.

Засега нема одговор кој од останатите директори е иницијатор за ваквата одлука и зошто Алфа не е известена за да има можност да реагира?прашуваат од Алфа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

error: Содржината е заштитена!