Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Зошто квиз шоуто на Телма се емитува репризно и дење и ноќе ?

Зошто квиз шоуто на Телма се емитува репризно и дење и ноќе ?

Критика за програмскиот дел на телевизија Телма веќе објавивме во однос на репризите на сериите кои се емитуваат, а кои беа претходно прикажани на оваа фреквенција.

Во оваа статија ќе се осврнеме и на уште една реприза и тоа на квизот “Заврти на Телма”. Квизот премиерно се емитува во 14.40 часот, веднаш по завршувањето на светски популарната теленовела.

Но, она што е чудно е што истата емисија се репризира наредниот ден во 10.20 часот наутро.

Особено нејасно е како може да се репризира квиз со јавувања на гледачи со што гледачите може да се доведат во заблуда дека повторно треба да вртат на телефонскиот број и да очекуваат награди? Без разлика на знакот за реприза крај логото што објаснува дека се работи за репризно емитување, сепак нели постои можност гледачите да помислат дека сепак и во 10.20 наутро треба да се јавуваат и да го вртат тркалото?

Но, тоа не е сѐ. Квизот се репризира дури и ноќе во низата ноќни репризи.

Па така, според Телма, на кој не му се спие во тој термин, може да гледа реприза на квиз, но не и да се јавува на телефонскиот број, затоа што сепак … тркалото не се врти ноќе.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Здравкица „Скај Селекшн“ се враќа на малите екрани како водителка

Секоја сабота во 17.45 часот на МРТ 1 ќе се емитува новиот телевизиски проект „Животна …

error: Содржината е заштитена!