Телма телевизија убедливо се двои од сите останати национални телевизии, емитувајќи разновидна програма за различни вкусови, но…
… очигледно има одредени работи во програмската шема кои несомнено не треба да се повторуваат ако телевизијата сака да се носи рамо до рамо со многу европски и светски телевизии.
Па така, наместо да емитува репризи на серии во 20.30 и 23.30 часот во тек на телевизиска сезона, Телма треба да понуди премиерна програма за своите гледачи и во тие термини.
За споредба, американска полициска акциона серија премиерно се емитува на Сител секоја ноќ на полноќ како и премиерни американски филмови на Алфа, па зошто тогаш истото не би важело и за телевизија од сличен ранг како Телма? Зошто е потребно да се емитуваат репризи на серии и тоа во ударен термин од 20.30 часот, а и потоа во 23.30 часот?
Француската серија која оди моментално во прајмтајм беше емитувана ланската сезона, као и германската серија која се прикажува во 23.40 часот.
Дани | ТВ Пакет