Махмут Орхан, истанбулскиот продуцент и диџеј со празничен концертен настап на ТВ 24. Понеделник, 9 септемвир во 22.30 часот на ТВ 24 ќе го гледаме неговиот сет кој ги забавуваше Македонците на летниот “Д Фестивал”. Со недели, неговите песни „Feel“ и “6 days” беa најпродавани на онлајн-продавницата „битпорт“, како и меѓу најпродаваните песни на сервисот „ајтјунс“ во повеќе од 20 земји.
Неговата музика претставува комбинација од дип хаус, инди денс/ну диско и совршено ги претставува културните корени на Махмут. Кариерата на оваа турска суперѕвезда доживеа експанзија во последните години по објавување на песните на видео сервисите кои имаат над милијарда прегледи. Токму поради тоа Махмут Орхан го споредуваат со Робин Шулц и „Лост фрикуенсис“.
Дани | ТВ Пакет