Сите оние што барем еднаш во животот фрлиле око на популарното „Шоу на Опра“ кое ги обработува сите возможни и невозможни проблеми на денешницата, слушнале за д-р Фил. Тип со мустачиња, остроумен, со паметни совети и со стратегија за решавање на проблемите.
И токму CBS сними серија за него, и тоа за кариерата пред онаа кога стана ѕвезда на „ток-шоу. Правничка драма која во Америка се снима од 2016-та година, а на Fox Crime ја гледате од понеделник до петок во 21 часот.
„Бул“ е серија инспирирана од вистински настани. Ја следи приказната за брилијатниот експерт за човеково однесување Д-р Џејсон Бул, кој на своите клиенти им помага во судските процеси.
Мајкл Ветерли во серијата „Бул“ го игра Џејсон Бул, човек што е сопственик на една компанија која развива стратегија за одбрана на клиентите на начин што длабински ја анализира поротата.
Со брутална искреност, д-р Бул е вистински магнет за жените, поседува интелигенција што разоружува, шарм и дрскост, а ги чита луѓето како отворена книга. Мајсторски ги комбинира психологијата, интуицијата и современата психологија за да проникне во мозоците на сите оние што се наоѓаат во судницата: поротниците, адвокатите, сведоците, обвинетите…
Мекгроу, којшто е и извршен продуцент на серијата, изјави дека Ветерли ѝ носи многу хумор на улогата, но дека оваа серија не е биографска, туку е инспирирана од неговиот лик.
Дани | ТВ Пакет