Турскиот актер Озкан Дениз, кој на македонската публика ѝ е познат од сериите Истанбулската невеста, Јунска ноќ, Во виорот на судбината, Грев, Османски времиња, Љубовни рани, Црната роза, Сродни души и Конакот на агата, минатата година се ожени по трет пат, овојпат со модната дизајнерка Самар Дадгар која е 22 години помлада од него.
На својот инстаграм профил, таа објави фотографии од роденденската забава за 6-от роденден на Кузеј, синот кој актерот го има со претходната жена.
Обожавателите на актерот побрзаа во коментари да му честитаат на славеникот, а од бројот на коментари евидентна е популарноста на Озкан Дениз.
Тој на јавноста најмногу и е познат како актер во популарните турски серии, а од 1994 се појавува во 16 филмски и ТВ проекти. Во некои од нив освен актер е и продуцент, сценарист и режисер.
Дани | ТВ Пакет